• петок, 22 ноември 2024

Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза

Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза
Скопје, 28 август 2021 (МИА) - Министерството за здравство вечерва соопшти дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Вакцинацијата, како што велат од МЗ, се одвива непречено на сите пуктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација. Досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.

- Со последните бројки, 51 процент од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Граѓаните се вакцинираат без закажан термин во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. бак/вг/

Остани поврзан