• петок, 22 ноември 2024

Буфон: Ди Марија ќе биде како Марадона за италијанското првенство

Буфон: Ди Марија ќе биде како Марадона за италијанското првенство
Рим, 20 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон го сподели своето мислење за евентуалниот трансфер на играчот од средниот ред Анхел Ди Марија во клубот од Торино. Претходно беше објавено дека 34-годишниот Аргентинец ќе потпише едногодишен договор со „бјанконерите“. - Сега Ди Марија е за Серија А како Марадона. Одлучен е пред противничкиот гол, лесно ги заобиколува противниците, дава асистенции, трча на различни позиции. Јас имам 44 години и сé уште играм. Годините не се важни. Мотивацијата и страста се многу поважни. Ако Ди Марија дојде во Јувентус, тогаш тој е подготвен за ова, изјави Буфон за „Газета дело спорт“. Ди Марија игра за ПСЖ од летото 2015 година. Аргентинецот летово го напушти клубот како најдобар асистент во клупската историја. Сезоната 2021/22 забележа 31 настап за ПСЖ, постигнува пет гола и девет асистенции. зс/

Остани поврзан