Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година
- Голманот Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Новиот договор е со важност до 2024 година.
Парма, 28 февруари 2022 (МИА) - Голманот Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Новиот договор е со важност до 2024 година.
Четириесет и четиригодишниот Буфон потпиша со Парма минатото лето. Претходниот договор беше со важност до 2023 година.
Оваа сезона голманот одигра 23 натпревари во Серија Б, на кои прими 23 гола.
Буфон веќе играше за Парма од 1995 до 2001 година. Со тимот го освои Купот и Суперкупот на Италија, како и Купот на УЕФА.
За Парма настапува и македонскиот интернационалец Горан Пандев. зс/