• четврток, 27 јуни 2024

Буфон ги прогласи фаворитите за новата сезона во Серија А

Буфон ги прогласи фаворитите за новата сезона во Серија А
Рим, 10 јули 2022 (МИА) - Капитенот на Парма, Џанлуиџи Буфон го сподели своето мислење за фаворитите во претстојната сезона од италијанскиот шампионат. - Ги гледам Јувентус и Интер пред сите. А „бјанконерите“ ми се чини дека имаат мала предност пред Интер. Милан е веднаш по нив. Така мислев минатата година, но „миланезите“ покажаа дека имаат добра посветеност, го цитира Буфон „La Stampa“. Милан го освои шампионскиот трофеј минатата сезона во Серија А за прв пат по 11 години. Пред Милан да дојде на тронот на италијанскиот фудбал, Интер го освои Скудетото во 2021, а Јувентус доминираше девет години (од 2012 до 2020). зс/

Остани поврзан