• недела, 22 декември 2024

Буркина Фасо протера тројца француски дипломати поради „субверзивна активност“

Буркина Фасо протера тројца француски дипломати поради „субверзивна активност“

Уагадугу, 18 април 2024 (МИА) - Воената влада на Буркина Фасо протера тројца француски дипломати под обвинение за „субверзивна активност“, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа африканска земја.

Тројцата претставници на француската дипломатска мисија се прогласени за персона нон грата и имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата, се вели во соопштението, без да се образложат обвиненијата против дипломатите.

Засега француското Министерство за надворешни работи не го коментираше случајот.

Со Буркина Фасо владее воена хунта која дојде на власт со државен удар во 2022 година. Оттогаш, односите меѓу западноафриканската земја и нејзиниот поранешен колонијален владетел Франција се затегнати. Уагадугу ги протера француските војници, го натера Париз да го отповика својот амбасадор и затвори некои француски медиуми. ссм/

фото: архива

Остани поврзан