• понеделник, 22 јули 2024

Буденхолцер нов тренер на Феникс

Буденхолцер нов тренер на Феникс

Феникс, 12 мај 2024 (МИА) - Феникс го објави назначувањето на Мајк Буденхолцер за главен тренер на клубот.

- Горд сум што сум главен тренер на Санс, тимот со кој пораснав навивајќи. Би сакал да се заблагодарам на раководството на клубот за оваа шанса. Среќен сум што работам со таков талентиран ростер на играчи кои се подготвени да се натпреваруваат и да играат кошарка што ќе ги открие нивните најдобри страни и ќе ги обедини во борбата за шампионската титула, изјави тренерот за клупската веб-страница на Феникс.

Претходно, инсајдерот Шамс Шаранија објави дека платата на 54-годишниот Американец ќе изнесува 10 милиони долари годишно.

Последната работа на Буденхолцер беше во Милвоки, каде работеше од 2018 до 2023 година. Под негово водство, Бакс станаа шампиони во НБА во сезоната 2021-2022.

Во сезоната 2023/24, Санс го зазедоа 6. место во регуларниот дел од сезоната во Западната конференција на НБА. 

Во првото коло од плеј-офот, тимот загуби од Минесота со 0:4 во серијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан