„Бугати“ се збогува со „Широн“ за Европа со три специјални примероци
- Уникатниот хиперавтомобил сега се приближува кон крајот на својот животен циклус, а особено внимание добија најновите примероци на „Широн“ и „Широн спорт“ за Европа.
Рим, 20 јуни 2022 (МИА) - „Бугати“ одамна нема претставено нов модел бидејќи работи на производство и испорака на постоечки модели. „Чентодиеци“ почна да се испорачува до купувачите минатата недела, откако сложената програма за развој беше завршена во мај, а во меѓувреме, „Бугати“ на настанот „Топ Маркез“ во Монако покажа специјална верзија на „Широн“.
Уникатниот хиперавтомобил сега се приближува кон крајот на својот животен циклус, а особено внимание добија најновите примероци на „Широн“ и „Широн спорт“ за Европа. Специјалната верзија се вика „Бугати широн л'Ебе“, а компанијата одлучи да произведе само три возила. Тие ѝ оддаваат почит на ќерката на основачот на компанијата, Еторе Бугати, која е негово најстаро дете.
Специјалната верзија е украсена со сини мотиви и златни украсни линии, решетките на ладилникот и деловите на хаубата, а бандажите се направени во слична нијанса. Шемата на бои на панелите на вратите на возачот и совозачот е спротивна.
Овој посебен модел возила дефинитивно ќе има посебно место во каталогот на „Бугати“, како „лебедова песна“ за „Широн“ во Европа.
Стандарднитте „Широн“ се веќе испорачани, а последниот „Широн спорт“ ќе биде испорачан на купувачот до крајот на месецов. си/ссм/