• вторник, 24 декември 2024

Бугарското Министерство за образование и наука ги промовира првите пет електронски услуги

Бугарското Министерство за образование и наука ги промовира првите пет електронски услуги
Софија, 11 јуни 2021 (МИА) - Првите пет електорнски услуги на бугарското Министерство за образование и наука (МОН) веќе се достапни за граѓаните и правните лица на Порталот за пристап до електронски административни услуги, јави БТА. Заинтересираните лица сега ќе може да се аплицира по електронски пат за издавање на потврда за вишо или високо образование стекнато до 27 декември 1995 година во Бугарија, како и за образовно-квалификациска диплома „специјалист по ...“ стекната до 22 мај 2007 година. Сертификатите ќе се издава на бугарски и странски државјани за употреба во странство. Бугарското Министерство за образовани и наука соопшти и дека е воведена и нова електронска услуга за приватни градинки и училишта. Нивните претставници сега ќе можат да поднесуваат апликации за упис, измени и отпишувања од регистарот на институции во системот за предучилишно и училишно образование, и преку Порталот. Приватните стручни колеџи исто така мора да бидат запишани во регистарот на стручни колеџи и да имаат потврда издадена од Министерството за образование и наука. Отсега, стручните колеџи ќе можат да поднесуваат апликации за упис, отпишувања или измени во регистарот и преку Порталот за електронски административни услуги. Другите две електронски услуги се однесуваат на пренамена на зграда или дел од зграда за потребите на образованието и науката. За порталот задолжена е Државната агенција за електронско управување. ми/

Остани поврзан