• петок, 22 ноември 2024

Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје

Бугарската писателка Оља Стојанова Џакова на книжевна резиденција во Скопје
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Писателката од Бугарија Оља Стојанова Џакова во октомври престојува на книжевна резиденција во Скопје во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во текот на својот резиденцијален престој, Оља Стојанова Џакова ќе настапи на книжевниот фестивал „Букстар“, каде заедно со писателот и режисер Петер Денчев ќе биде дел од настанот „Нова бугарска книжевност“, а исто така ќе учествува и на читањето што во рамки на фестивалот ќе се одржи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Во текот на октомври, Стојанова Џакова ќе има можност подобро да се запознае со македонската книжевна сцена, остварувајќи средби со писатели, преведувачи и уредници од Македонија. Оља Стојанова Џакова (1977) е прозаистка, поетеса и драмска писателка. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Софија, каде што и докторирала на тема од областа на новинарството и масовната култура. За поетската книга „Улицата Среќа“ ги добила наградите „Николај Канчев“ и „Иван Николов“ за најдобра збирка поезија. За драмите „Покана за вечера“ и „Бојата на длабоките води“ ја добила наградата „Аскер“ за најдобар драмски текст. Работи како новинар во Бугарското национално радио. Резиденцијалниот престој на Оља Стојанова Џакова во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, соопшти издавачката куќа „Готен“.са/дма/

Остани поврзан