• сабота, 23 ноември 2024

Бугарија ќе добие најнови симулатори за ловци Ф-16

Бугарија ќе добие најнови симулатори за ловци Ф-16
Софија, 27 јануари 2022 (МИА) - Бугарија ќе добие симулатори за ловци Ф-16, наменети за обучување на пилоти за национални и НАТО мисии од производителот „Локхид Мартин“. Таа е меѓу првите земји што добија ловци Ф-16 Блок 70, а ќе има симулатори со најнова техничка конфигурација. Бугарија ќе има осум најсовремени суперсонични ловци Ф-16 Блок 70. Станува збор за ловец од четврта генерација со најмодерни способности во инвентарот на НАТО, пренесува БГНЕС. - Последната генерација на комплекс за обука Ф-16 на „Локхид Мартин“ им овозможува на пилотите да тренираат во целосно реалистична средина, обезбедувајќи подготвеност за исполнување на мисијата, изјави Чонси Мекинтош, потпретседател на бизнисот за обука и логистика на „Локхид Мартин“. Системот за обука може да работи во мрежа, со цел да им овозможи на пилотите да тренираат заедно во различни сценарија за да добијат најнапредна обука, под многу достапни услови. Ловецот Ф-16 Блок 70 е произведен во Гринвил, Јужна Каролина и меѓудругото, има и напредна авионика (електроника во авијација), надградена кабина, напредни борбени системи,  дополнителни резервоари за гориво. Досега се произведени над 4.500 ловци Ф-16, околу 3.000 се во служба во 25 земји, вклучувајќи ги и воздухопловните сили на САД. бд/ссм/

Остани поврзан