Бугарија: ГЕРБ предлага измени во Законот за верски заедници
- Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) поднесе предлог за измени во Законот за верски заедници, со цел прецизно да се дефинира дека единствен претставник на традиционалното православие во земјата е Бугарската православна црква (БПЦ) - Бугарска патријаршија (БП).
Софија, 30 декември 2024 (МИА) - Политичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) поднесе предлог за измени во Законот за верски заедници, со цел прецизно да се дефинира дека единствен претставник на традиционалното православие во земјата е Бугарската православна црква (БПЦ) - Бугарска патријаршија (БП).
Според измените, верските заедници може слободно да ги именуваат своите организации, но нивните називи мора јасно да се разликуваат од онаа на БПЦ. Во образложението, ГЕРБ истакна дека целта е да се избегнат погрешни толкувања и примена на законот.
И партијата „Преродба“ предложи измени во истиот закон, со кои се сака да се спречи можноста за регистрирање на повеќе од една православна црква како правен субјект, кој во своето име го користи зборот „православен“.
Указот на Врховниот касационен суд (ВКС), во кој се вели дека црквата во стар стил може да се нарече православна, всушност е уште еден обид да се подели црквата, се наведува во пораката.
Според „Преродба“, тоа долгорочно ќе создаде поделеност во православниот свет, што дефинитивно не треба да се дозволи и дека таквите постапки се закана за националната безбедност на Бугарија. ссм/
фото: архива