• петок, 22 ноември 2024

Бугарија/Избори: Трифонов освои речиси 6.000 гласови повеќе од Борисов

Бугарија/Избори: Трифонов освои речиси 6.000 гласови повеќе од Борисов
Софија, 12 јули 2021 (МИА) - Според преброени речиси 99 проценти од гласовите партијата на телевизискиот водителот Слави Трифонов, Има таков народ има предност од скоро 6.000 гласови пред коалицијата предводена од Бојко Борисов ГЕРБ-УДФ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на Трифонов освоила 23,9 проценти од гласовите, а ГЕРБ-УДФ освои 23,7 отсто. Според освоените гласови трета е коалицијата БСП за Бугарија со 13,5 проценти од гласовите, а четврта е Демократска Бугарија со 12,6 отсто. Следат Движењето за права и слободи и Исправи се, мафијата надвор. Првпат по повеќе години ГЕРБ го загуби првото место во неколку области. Постои таков народ е прва политичка сила во седум области. Бугарите во странство дадоа најмногу гласови за Има таков народ - 35 проценти. Додека Демократска Бугарија е малку пред Движењето за права и слободи. Според гласовите на Бугарите во странство ГЕРБ-УДФ е на четвртото место, односно за неа гласале нешто повеќе од 9 отсто. нк/ми/

Остани поврзан