• вторник, 17 декември 2024

Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија

Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија

Мадрид, 14 ноември 2024 (МИА) - Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада.

Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.

Владата наведува дека е извршена обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавени од страна на Врховниот суд во Валенсија.

Од вкупниот број починати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а 26 се од 11 други земји.

Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, проследено со големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан