• понеделник, 16 декември 2024

Бројот на жртвите во руските напади во областа Херсон се искачи на 21, 48 луѓе се ранети

Бројот на жртвите во руските напади во областа Херсон се искачи на 21, 48 луѓе се ранети

Киев, 3 мај 2023 (МИА) – Најмалку 21 лице загинаа, а 48 се ранети во денешните руски напади врз регионот Херсон, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно, украинското обвинителство соопшти дека во денешните опсежни напади во областа Херсон загинале 16 лица, а 22 се ранети.

- Во моментов загинаа 21 лице, а 48 се ранети, напиша Зеленски денеска на Телеграм.

Тој изјави дека во нападите биле погодени железничка станица, продавница, супермаркет и бензинска пумпа.

Украинските власти најавија од петок навечер воведување полициски час во истоимениот главен град на областа.

Градот, кој беше окупиран од руските трупи неколку месеци во 2022 година, беше ослободен во ноември минатата година со успешна украинска контраофанзива во регионот.

Оттогаш, Херсон е под редовно руско гранатирање, а руската армија е само од другата страна на реката Дњепар, која ја формира природната линија на фронтот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан