• петок, 22 ноември 2024

Брнабиќ не ги прифаќа новите барања на српската oпoзиција за белградски и локални избори во ист ден

Брнабиќ не ги прифаќа новите барања на српската oпoзиција за белградски и локални избори во ист ден

Белград, 16 април 2024 (МИА) - Претседателката на српското Народно собрание, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека претставниците на коалицијата „Србија против насилството“ по само седум дена откако испратиле предлози за изборните услови, утринава испратиле нови што немаат никаква врска со старите предлози и кои не може да се прифатат, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека тој дел од опозицијата сега бара со двотретинско мнозинство да се донесе уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на Уставот со цел сите локални избори да се одржат во ист ден во 2024 година.

-Не е важно кога им е времето, се додека мандатот е загарантиран со Уставот, и ние сега кажуваме кога се изборите. Мислам дека не поминаа ниту седум дена кога кажав дека тоа нема да го прифатам, и дека ако отвориме преседани, тука нема да има крај, рече таа.

Коалицијата „Србија против насилството“ предложи изборите за советници на градското собрание на Белград и собранијата на сите општини, градови и градски општини во Србија да се одржат во ист ден, најрано шест месеци од исполнувањето на сите препораки на ОДИХР, а најдоцна до крајот на 2024 година.

Брнабиќ кажа дека сериозно ги анализирала предлозите на опозицијата и се консултирала со нејзините тимови.

-Мојот одговор беше дека ги прифатив сите предлози, освен еден, спротивен на Уставот, изборите за Собранието на Град Белград да се одложат за понатаму, повтори таа.

Таа додаде дека таа група во опозицијата (СПН) ја информирала дека пред четири дена официјално го известиле ОБСЕ со барање да посредува во нешто што го нарекуваат „постпредизборна криза во Србија“, а имате луѓе кои фрлаа „дрва и камења“ што таа повикала на последната средба со опозицијата повеќе амбасадори како набљудувачи.

Брнабиќ рече дека останува највената средба за утре во 9 часот и рече дека до крајот на неделата ќе се формира Комисија која ќе работи на измени и дополнувања на законот поврзани со изборите, како и дека ќе се работи на Комисија за увид во избирачкиот список. об/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан