• сабота, 23 ноември 2024

Бритни Спирс јавно му се заблагодари на момчето

Бритни Спирс јавно му се заблагодари на момчето
Лос Анџелес, 26 август 2021 (МИА) - Бритни Спирс на Инстаграм објави фотографија со своето момче Сем Асгари, го пофали и во пораката нагласи дека му е многу благодарна. „Тој беше со мене во најтешките години од мојот живот, а освен тоа, и готви прилично добро“, напиша пејачката во описот на сликата. Според обожавателите, тие се прекрасна двојка. „Се надевам дека е навистина толку добар, затоа што изгледаш среќно со него“, „Среќата ти прилега“, „Конечно се смееш“, „Мило ми е што се чувствуваш сакана, Бритни“ - гласат дел од коментарите. Сем и Бритни се во врска од 2016 година, и тој гласно ја поддржа кампањата „Слобода за Бритни“ (#FreeBritney), започната од нејзините обожаватели за да го натераат нејзиниот татко Џејмс Спирс да се повлече од посебниот надзор над неа. Џејми неодамна се согласи да се повлече од туторството, но рече дека пејачката била „спасена од катастрофа“ со тоа и дека јавноста всушност ќе му се заблагодарува, доколку знае колку биле опасни нејзината зависност и менталните здравствени проблеми.  си/сд/

Остани поврзан