• петок, 08 ноември 2024

Британското разузнавање: Украина постојано напредува во контраофанзивата

Британското разузнавање: Украина постојано напредува во контраофанзивата

Лондон, 25 јуни 2023 (МИА) - Британското Министерство за одбрана во својот редовен дневен брифинг за случувањата во војната во Украина денеска извести дека украинската армија „постепено, но тактички напредува“ во делови од земјата под контрола на Русија.

„Украинските сили се позиционираа и продолжуваат со големите офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина“, јави министерството на Твитер.

Тие го искористија искуството од првите две недели од контраофанзивата за „да ја усовршат тактиката за напад на длабока, добро подготвена руска одбрана“, се додава во соопштението на британското МО.

Руските сили, од друга страна, направија „значителни напори“ да напредуваат во шумската област во близина на Кремин во источниот регион Луганск.

„Ова веројатно ги одразува постојаните наредби од руското раководство да се оди во офанзива секогаш кога е можно“, соопшти Министерството, повикувајќи се на извештаи на британските разузнавачи. 

„Русија постигна некои мали успеси, но украинските сили спречија пробив“. сд/

фото: архива

Остани поврзан