• среда, 03 јули 2024

Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Путин

Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Путин

Лондон, 13 мај 2024 (МИА) - Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс изјави дека неговиот иден руски колега, Андреј Белоусов ќе биде марионета на Путин, јави ДПА.

Путин вчера го предложи економистот Белоусов - досега прв вицепремиер во владата, за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу.

Иако се сметаше за близок до Путин, Шојгу привлече многу критики за начинот на кој руската војска се справува со Украина - повеќе од две години по почетокот на војната.

Шапс предвидува дека Белоусов ќе биде следната марионета на Путин.

-Под Шојгу, руската армија загуби повеќе од 355 илјади војници во Украина и предизвика масовно страдање на цивилното население за време на нејзината илегална кампања во Украина, додаде тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан