• среда, 03 јули 2024

Британската полиција уапси 16 лица на протестот на Универзитетот во Оксфорд за војната во Газа

Британската полиција уапси 16 лица на протестот на Универзитетот во Оксфорд за војната во Газа

Лондон, 24 мај 2024 (МИА) - Британската полиција уапси 16 лица на протестот организиран од пропалестинска студентска група на Универзитетот Оксфорд, во најновото разгорување на престижниот кампус поради војната во Газа.

Полицијата соопшти дека лицата биле уапсени синоќа под сомнение за тежок прекршок, додека еден бил задржан и под сомнение за напад. Тоа уследи по протестите во последниве недели на повеќе од десетина универзитети во Обединетото Кралство, вклучително и во светски познатите Оксфорд и Кембриџ, како дел од слични акции на кампуси во САД и на други места.

Демонстрантите кои се противат на израелското справување со војната против милитантите на Хамас во Газа поставија различни барања, вклучително и универзитетите да ги прекинат академските и финансиските врски со земјата.

Во Оксфорд, апсењата се случија откако студентите влегоа во административната зграда на универзитетот во четвртокот наутро, тврдејќи дека ги „исцрпиле сите други патишта за комуникација“ со администраторите.

„Наместо да се вклучи во дијалог со студентите....избраа да ја евакуираат зградата, да ја затворат и да повикаат полиција да апси“, рече портпаролот на протестната група Оксфорд Акција за Палестина (ОА4П). „Бараме администрацијата да се сретне со нас за веднаш да преговараме“, додаде тој.

Во соопштението на Универзитетот Оксфорд се вели дека демонстрантите „ги надминале“ мирните протести и дека „кулминирале со принуден влез и привремено окупирање“ на некои универзитетски канцеларии.

Се додава дека ОА4П ги „ескалирала своите протестни акции од главно мирни на тактики за директна акција“, создавајќи „длабоко застрашувачка средина“ за членовите на заедницата, вклучително и еврејските студенти и персоналот.

Синдикатот на универзитетот, кој ги застапува академиците, предавачите и персоналот, го осуди „доведувањето полиција за насилно апсење“ на студентите кои „се вклучија во мирни протести“. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

 

Остани поврзан