• понеделник, 08 јули 2024

Британец освои 195 милиони фунти на лото

Британец освои 195 милиони фунти на лото
Лондон, 20 јули 2022 (МИА) - Британец освоил рекорден џек-пот од 195 милиони фунти на лотаријата „Евромилионс“ (EuroMillions). Ова е најголемата добивка во историјата на лотаријата, а претходниот рекорд беше 184 милиони фунти - од мај оваа година, објави операторот „Камелот“. Добитните броеви на извлекувањето вчеравечер беа 6, 23, 27, 40, 41, 2 и 12. Извлекувањето на „Евромилионс“ се одржува двапати неделно - вторник и петок, а се игра во 13 европски земји. На вчерашното извлекување беа доделени вкупно 195.707.000 фунти.  си/

Остани поврзан