• понеделник, 23 декември 2024

Британецот кој избега со Украинка, се раздели од неа и сега се плаши за себе

Британецот кој избега со Украинка, се раздели од неа и сега се плаши за себе

Лондон, 27 септември 2022 (МИА) - Тони Гарнет, Англичанецот „хуманист“, кој стана „планетарно познат“ по тоа што прво во својот дом прифати Украинка која поради војната избегала од татковината, па ги остави сопругата и двете деца, кусо потоа, по околу четири месеци, раскина и со новата љубовница. На сѐ тоа му претходела болна расправија.

Гарнет, имено тврди дека засекогаш раскрстил со Украинката, Софија Каркади, откако наводно, таа со нож намерно го оштетила ѕидот во изнајмената куќа во Бредфорд, Англија, а во меѓувреме, вели тој, Украинката му се мешала и во односот со неговите две деца. Тој потоа ѝ ги спакувал сите нејзини работи во црни кеси, пишува „Дејли мејл“. - Моите деца секогаш ќе бидат на прво место!, нагласи Тони. Тој во мај, по десетгодишна врска, ја остави својата партнерка Лорна Гарнет и почна да живее со Украинката Софија, само неколку дена откако ја пречека во својот дом. - Го славевме мојот 30. роденден, но морав да повикам полиција оти Софија го оштети ѕидот. Очигледно не трпи алкохол. Ми се гади од нејзиното нерационално однесување, не можам повеќе да го издржам злоставувањето и гневот. Ги оставив Лорна и децата за неа, вложив максимални напори да и помогнам, сакав да останеме заедно, додаде тој. Тони признава дека изгледа „како кретен“ по раскинувањето, но истанува дека Софија има мрачна страна и сега се плаши од неа за својата безбедност. - Згрешив, не требаше да стапам во врска со Софија. Како што реков претходно, мојата врска со Лорна веќе беше завршена и бев навистина несреќен. Но, ова секако не ми требаше. Се обидов да ѝ помогнам. Навистина се потрудив. Можеби боледува од ПТСН (посттрауматски стрес). Но, таа е од Киев, а таму навистина немаше војна... Како и да е, се надевам дека ќе најде безбедно место за живеење, но дефинитивно не е за мене. Ми го уништи роденденот!, раскажува Тони. Тој сега ѝ помага да ѝ се најде ново сместување, но веќе не сака да се занимава со бегалци и бегалки од Украина.  си/

Остани поврзан