• сабота, 23 ноември 2024

Брижит Бардо против стрелање 3.000 лисици во Франција

Брижит Бардо против стрелање 3.000 лисици во Франција
Париз, 19 август 2021 (МИА) - Иконата на француската кинематографија од 60-тите години од минатиот век и истакната заштитничка на правата на животните, Брижит Бардо застана против планираното стрелање на 3.000 лисици во северна Франција. - Дозволата за стрелање лисиците е скандалозна! Овие животни ја збогатуваат биолошката разновидност и се важни сојузници на земјоделците. Вашата дозвола за убиство не е ништо друго, туку потчинување на „ловното лоби“, напиша Бардо во отворено писмо до Општината Бове. Според Бардо, ловците „им зеле мерка“ на лисиците додека овие им земаат фазани и друг ситен дивеч. Други групи за заштита на животните веќе протестираа против регулацијата на Округот Оаз за првично планираното стрелање на 1.370 лисици. Тоа што општината го зголеми бројот лисици што треба да се застрелаат до март следната година на 3.000, откако е поднесен приговор, предизвика дополнителна вознемиреност. Властите тврдат дека е неопходно да се ограничи популацијата на лисици, која се зголеми поради откажувањето на ловот за време на пандемијата на коронавирусот. Бардо во 1986 година ја основа својата Фондација за заштита на животните со седиште во Париз и околу 40 вработени. Меѓу другото, таа се бори против ловот на фоки, тестирања врз животни и сурови методи на колење.  си/ми/

Остани поврзан