• недела, 06 октомври 2024

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ-неделата

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ-неделата
Скопје, 29 декември 2020 (МИА) - Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на играчи повикани за претстојната ЕХФ-недела. На списокот на Брестовац се наоѓаат: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Милан Лазаревски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновски. Резерви: Филип Арсеновски, Дејан Кукуловски, Андреј Петковски и Мартин Карапалевски. ЕХФ-неделата Брестовац ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг-натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан