• петок, 22 ноември 2024

Бред Пит: Престанав да пијам поради Бредли Купер

Бред Пит: Престанав да пијам поради Бредли Купер
Лос Анџелес, 10 јануари 2020 (МИА) - Американскиот глумец Бред Пит му се заблагодари на својот колега Бредли Купер за помошта што му ја пружил во борбата против алкохолизмот. На доделувањето на Наградите на американскиот Совет на филмски критичари (National Board of Review), Пит е прогласен за најдобар спореден актер за филмот „Беше еднаш во Холивуд“. Притоа, тој неочекувано се осврна на својата битка со зависноста од алкохол, откако наградата ја прими токму од Купер. Во говорот тој посебно нагласи дека Купер е прекрасен татко и одличен пријател. - Купер стигна на настанот откако претходно ја заспа ќерка му. Престанав да пијам поради овој човек и секој ден ми е посреќен оттогаш, истакна Пит. Бред Пит се бореше со зависностапо разводот со Анџелина Џоли, но во јавноста, сè досега, не говореше за тоа. си/ми/

Остани поврзан