Бредли го продолжи договорот со Ливерпул
- Конор Бредли го продолжи договорот со Ливерпул, потврди денеска новиот англиски шампион.

Лондон, 17 мај 2025 (МИА) – Конор Бредли го продолжи договорот со Ливерпул, потврди денеска новиот англиски шампион.
Според лондонски „Тајмс“ договорот на 21-годишниот дефанзивец со тимот од Мерсисајд е за уште четири сезони.
Северноирскиот репрезентативец е во Ливерпул од 2019 година. Бредли сезонава одигра 17 натпревари во англиската Премиер лига, помагајќи му на Ливерпул да ја освои својата 20. титула.
Во претпоследното коло од Премиер лигата, Ливерпул му гостува на Брајтон в понеделник. ег
ФОТО: ФК Ливерпул/Фејсбук