• петок, 28 јуни 2024

Брдаровски потпиша за Шкупи

Брдаровски потпиша за Шкупи
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) – ФК Шкупи потпиша едногодишен договор со Владица Брдаровски. Фудбалерот на Чаир доаѓа од редовите на косовскиот тим, ФК Дрита, каде минатата сезона, забележа 22 настапи. - По една година се враќам во Првата македонска лига а и морам да кажам дека сум многу среќен. Потпишав едногодишен договор со Шкупи, бидејќи моите и амбициите на клубот се заеднички, да се бориме за титулата и другите успеси. Пред нас имаме силни конкуренти како Шкендија, Академија Пандев и Струга, но јас веќе имам многу добри и силни соиграчи, кои лично ги познавам. Предводени од тренерот Гоце Седлоски, ќе ни биде уште полесно, бидејќи тој најмногу го знаете многу добро како да се освои титулата и многу сум среќен што ќе ме води таков тренер, изјави Брдаровски за клупскиот сајт на Шкупи. Владица Брдаровски, во текот на кариерата во домашното првенство има играно и за Вардар, Работнички и Пелистер. зс/

Остани поврзан