• недела, 22 декември 2024

Брајтон плати 30 милиони евра за Германецот Груда

Брајтон плати 30 милиони евра за Германецот Груда


Лондон, 15 август 2024 (МИА) – Германскиот фудбалер со албанско потекло Брајан Груда е нов член на Брајтон, објави денеска англискиот прволигаш.
Дваесетгодишниот Груда потпиша договор со Брајтон до крајот на сезоната 2027/2028, а англискиот клуб, според медиумите, за него платил 30 милиони евра.
Груда во Премиер лигата доаѓа од Мајнц во чиј дрес минатата сезона на 30 првенствени натпревари постигна четири голови и додаде три асистенции.
Пред Европското првенство во Германија беше дел од проширениот состав за подготовките на германската репрезентација, но на крајот не доби покана за настап на ЕП.
Англиската Премиер лига почнува овој викенд со дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам в петок вечер.
Првиот натпревар Брајтон го игра в сабота во 16:00 часот кога е домаќин на Евертон. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан