• среда, 17 јули 2024

Брајан Остин Грин виден со нова девојка

Брајан Остин Грин виден со нова девојка
Лос Анџелес, 16 јуни 2020 (МИА) - По разделбата со Меган Фокс, глумецот и водител Брајан Остин Грин е забележан со друга девојка, овојпат - 21 година помлада од него. Се работи за Кортни Стоден - позната американска водителка, манекенка и пејачка. Таа и ѕвездата од ТВ-серијата „Беверли Хилс“ биле фатени од папараци, при прошетка и ручек во градот Агура Хилс, Калифорнија, САД. Остин Грин (46), во својата интернет-емисија минатиот месец објави дека се разделиле со Меган Фокс, по 15 заеднички години и 10 години брак. Тие имаат и три сина. си/сд/

Остани поврзан