Братот на Снајдер потврди за желбата на екс-играчот на холандската репрезентација да ја продолжи кариерата
- Џефри Снајдер, братот на поранешниот фудбалер од средниот ред на холандската репрезентација Весли Снајдер, зборуваше за желбата на неговиот брат да се врати во фудбалот.
Амстердам, 15 јули 2020 (МИА) – Џефри Снајдер, братот на поранешниот фудбалер од средниот ред на холандската репрезентација Весли Снајдер, зборуваше за желбата на неговиот брат да се врати во фудбалот.
Неодамна имаше информации дека Утрехт му предложил на играчот да ја продолжи кариерата.
- Весли сака да ослабе и да биде на работа. Тој рече дека кај него можеби се вратила желбата за повторно да игра фудбал. Брат ми сака да го доживее чувството - како е да се биде на теренот по некое време без фудбал. Тоа кај него би предизвикало задоволство, изјави Џефри Снајдер.
За потсетување, на почетокот на овој месец, кариерата ја возобнови екс-напаѓачот на холандската репрезентација Арјен Робен. зс/