• вторник, 05 ноември 2024

Братот на принцезата Дијана проговори за серијата „Круна“

Братот на принцезата Дијана проговори за серијата „Круна“
Лондон, 24 ноември 2020 (МИА) - Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер (56) говорејќи за ТВ-серијата „Круна“, кажа дека во неа има битни нешта што не се вистинити. - Серијата во основа се држи до фактите, но оние важни делови меѓу нив не се факти. Продуцентите ме прашаа дали можат да снимаат во нашата семејна куќа, но јас не одобрив. Она што ме загрижува е тоа што луѓето што ја гледаат серијата, заборават дека сето тоа е всушност измислена приказна. Дел од публиката ја доживува серијава како лекција по историја, а моја должност е да предупредам на тоа, нагласи Спенсер. Тој вели дека не можел да погледне повеќе од една епизода, оти сетоа тоа премногу го потсетувало на сестра му. Четвртата сезона на светски познатата серија „Круна“ (Crown) на Нетфликс се појави на стрим-платформата на 15 ноември. Серијата што ги следи интригите на британското кралско семејство низ историјата, полека се приближува до 21 век, па на ред дојде и ерата на, според многумина, непрежалената принцеза Дијана. Кралското семејство, како што се очекуваше, е најмногу незадоволно од начинот на кој е прикажан принцот Чарлс (72).  си/сд/

Остани поврзан