• вторник, 19 ноември 2024

Бразилски суд забрани филм за Исус како хомосексуалец

Бразилски суд забрани филм за Исус како хомосексуалец
Бразилија, 9 јануари 2020 (МИА) - Бразилски суд му наложи на Нетфликс да прекине со прикажување на божиќниот филм во кој Исус Христос е прикажан како хомосексуалец. Судијата Бенедикто Абикаир на тој начин одговори на петицијата на една бразилска католичка организација, во којашто се наведува дека таа е во име на милиони католици, навредени од емитувањето на филмот. Се работи за „Првото искушение на Христос" во продукција на компанијата Порта дос Фундос. Инаку, канцелариите на продукциската компанија биле и нападнати за време на Божик. Во образложението, судијата наведе дека таа судска одлука е корисна не само за христијанската заедница, туку и за бразилското општество воопшто. Нетфликс одби да ја коментира одлуката на судот. си/

Остани поврзан