Бразилски судија почна истрага против Маск
- Судијата на бразилскиот Врховен суд Александре де Мораес вчера почна истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа Х, се вели во судски документ.
Бразилија, 8 април 2024 (МИА) – Судијата на бразилскиот Врховен суд Александре де Мораес вчера почна истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа Х, се вели во судски документ.
Маск ја оспорува одлуката на судијата Мораес да и нареди на неговата платформа за социјални медиуми Х да блокира одредени профили.
Маск претходно објави дека X ќе ги укине ограничувањата бидејќи тие се неуставни.
Мораес во својата одлука вели дека „Х ќе се воздржи од непочитување на која било веќе издадена судска наредба, вклучително и повторно активирање на профили блокирани од Врховниот суд“.
Доколку X не постапи согласно налогот за блокирање на одредени профили, компанијата ќе биде казнета со 100.000 реали (околу 18.200 евра) дневно, рече судијата.
Ниту Маск, Х, ниту бразилските власти не открија кои профили на социјалните мрежи се блокирани. X прво ја објави наредбата за блокирање во саботата, но не беше веднаш јасно кога е издадена наредбата. јт/