• недела, 22 декември 2024

Бразилската калуѓерка Росита добитник на наградата на Агенцијата за бегалци на ОН

Бразилската калуѓерка Росита добитник на наградата на Агенцијата за бегалци на ОН

Женева/Рио де Жанеиро, 9 октомври 2024 (МИА) – Бразилската калуѓерка Росита е почестена со Нансен наградата, највисоката награда од Агенцијата за бегалци на ОН, за нејзината речиси 40-годишна борба за правата и достоинството на бегалците, објави денеска Агенцијата.

Сестра Росита им обезбеди на илјадници луѓе во Бразил храна и засолниште и им помогна да најдат домување, образование и работа, соопшти агенцијата, позната како УНХЦР.

-За мене е голема чест и признание кое се однесува не само за мене, туку и за сите кои ме придружуваа на ова патување со мигранти и бегалци, изјави 79-годишната за ДПА.

Калуѓерката го предводи Институтот за миграција и човекови права (ИМДХ), кој го основаше во 1999 година, а исто така објавува научни написи за раселување и миграција.

Таа координира национална мрежа од 60 организации кои работат на зајакнување на солидарноста меѓу бегалците и заедниците што ги прифаќаат. Сестра Росита, која е адвокат по обука, исто така одигра клучна улога во обликувањето на политиката како што е бразилскиот закон за бегалци од 1997 година.

-Луѓето не напаѓаат ниту една територија, не се обидуваат никому ништо да одземат, само сакаат да си ги спасат животите и тоа на достоинствен начин, рече калуѓерката.

УНХЦР ја доделува наградата Нансен секоја година од 1954 година за исклучителна посветеност на заштитата на бегалците. Името го носи по Фридтјоф Нансен, првиот висок комесар за бегалци. мс/

фото: УНХЦР

Остани поврзан