• вторник, 19 ноември 2024

Бојко Борисов им се заблагодари на оние кои гласаа за ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија

Бојко Борисов им се заблагодари на оние кои гласаа за ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија
Софија, 3 октомври 2022 (МИА) - Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, им се заблагодари на оние кои гласаа за коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од него, јавува дописникот на МИА од Софија. Благодарност до сите што не поддржаа, напиша Борисов на својот Фејсбук профил. Истовремено, високиот претставник на ГЕРБ и долгогодишен пратеник Тома Биков изјави дека ќе вложат максимални напори за формирање на редовна влада во Бугарија по објавувањето на официјалните резултати на Централната изборна комисија во земјата. - Не коментираме хипотези, рече Тома Биков и додаде дека никого не исклучуваат за преговори. Тој беше дециден дека се подготвени на апсолутно сè, додавајќи дека се одговорни луѓе. нк/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан