• понеделник, 23 декември 2024

Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт

Бојкот на вработените  од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт

Скопје, 7 март 2023 (МИА) -  Вработените  за одржување на влечните средства при ЖРСМ Транспорт АД Скопје  стапија во бојкот и изутрина од осум часот не ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Ѓоко Илиевски, претставник на вработените.

Причина за бојкотот, како што  наведуваат во известување до медиумите, е неисполнувањето на најнеопходните барања без кои се не можат да опстанат. Тие бараат зголемување на коефициентот на сложеност за 0,30 проценти, греење во работните простории кое посочуваат дека го немаат од 20 јануари  годинава, соодветни услови за работа, бидејќи тврдат дека немаат заштитна опрема, како и нови вработувања за да опстои фирмата.

-Се додека не се изнајде решение за нашите барања ние вработените во одржување ќе бојкотираме, изјави Илиевски, појаснувајќи дека по 8 часот изутрината не се врши редовниот дневен преглед на локомотивите и патничките гарнитури. 

На  денешниот бојкот, како што вели, вчера му претходел двочасовен предупредувачки протест.лв/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан