Бојан Кркиќ се приклучува на поранешниот соиграч Иниеста во тимот Висел Кобе од Јапонија
- Бојан Кркиќ, поранешниот напаѓач на Барселона се приклучува на поранешниот соиграч Иниеста во тимот на Висел Кобе од Јапонија.
![Бојан Кркиќ се приклучува на поранешниот соиграч Иниеста во тимот Висел Кобе од Јапонија](https://new.mia.mk/images/20221108010302_big_730x400_37.webp )
Јапонија, 9 август 2021 (МИА) - Бојан Кркиќ, поранешниот напаѓач на Барселона, се приклучува на поранешниот соиграч Андрес Иниеста во тимот на Висел Кобе од Јапонија.
По слободното лето и последниот ангажман што Кркиќ го имаше во МЛС лигата каде играше за Монтреал, тој ќе продолжи со игра во јапонскиот клуб.
Триесетгодишниот фудбалер на социјалните медиуми сподели дека е возбуден за оваа лична и професионална можност и дека сѐ е подготвено за новата дестинација.
Екипата Висел Кобе се натпреварува во највисоката јапонска лига и во моментов се наоѓа на четвртото место од табелата. ар/цр