• сабота, 06 јули 2024

Борците на „Вагнер“ почнаа да се повлекуваат од Ростов на Дон

Борците на „Вагнер“ почнаа да се повлекуваат од Ростов на Дон

Ростов, 25 јуни 2023 (МИА) - Членовите на приватната платеничка група „Вагнер“ вчеравечер почнаа да се повлекуваат од јужниот руски град Росов на Дон.

Британските репортери ги виделе силите на Вагнер како се повлекуваат од Регионалниот воен штаб на руската војска, врз кој претходно ја имаа преземено контрола.

Шефот на оваа платеничка група, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите сили ќе се вратат во базата за да избегнат крвопролевање откако постигнал договор со белорускиот претседател Александар Лукашенко. сд/

Фото:ЕПА

 

Остани поврзан