Борусија го договори трансферот на Алер за рекордни 35 милиони евра
- Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер е блиску до преминување во Борусија Дортмунд.
![Борусија го договори трансферот на Алер за рекордни 35 милиони евра](https://new.mia.mk/images/20221113162819_big_730x400_68.webp )
Дортмунд, 22 јуни 2022 (МИА) - Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер е блиску до преминување во Борусија Дортмунд.
Клубот од Дортмунд го договорил трансферот на 28-годишниот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска за 35 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Беше објавено дека ова е најголема сума за фудбалер во историјата на Борусија.
Според Романо, германскиот клуб веќе договорил соработка со Алер. Останува само да се спроведе лекарски преглед и да се потпишат документите. зс/