• понеделник, 23 декември 2024

Борис Џонсон се сретна со Трамп, не се сомнева во продолжувањето на американската поддршка за Украина

Борис Џонсон се сретна со Трамп, не се сомнева во продолжувањето на американската поддршка за Украина

Вашингтон, 17 јули 2024 (МИА) - Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека „нема сомнеж“ оти кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе продолжи да ја поддржува Украина.

„Разговаравме за Украина и не се сомневам дека ќе има силна и решителна поддршка за таа земја и одбрана на демократијата“, напиша Џонсон на својот профил на мрежата Икс, каде објави и фотографија од него и Трамп.

Џонсон се сретна со Трамп на маргините на републиканската национална конвенција во Милвоки.

Фото: Икс

 

Остани поврзан