• четврток, 21 ноември 2024

Борис Џонсон не ја отфрла можноста да се врати во политиката

Борис Џонсон не ја отфрла можноста да се врати во политиката

Вашингтон, 12 април 2024 (МИА) - Поранешниот британски премиер Борис Џонсон не ја отфрли можноста за враќање во политиката, но им рече на студентите во Вашингтон дека ќе се врати во јавниот живот во Велика Британија само ако почувствува дека може да биде корисен. Поранешниот премиер, кој во јуни ќе наполни 60 години, зборуваше пред студентите на Универзитетот Џорџтаун, објави лондонски „Тајмс“.

Откако зборуваше за теми како што се глобалната закана за демократијата, веројатноста Доналд Трамп повторно да стане претседател на претстојните избори во ноември, како и прашањето за неговото време како премиер, Џонсон беше прашан дали постои можност тој да се кандидира за пратеник. 

„Во најскоро време, не. Сметам дека единствени околности во кои некој би се кандидирал за пратеник имплицираат дека тој човек може да придонесе за државата“, рече Џонсон

Тој поднесе оставка како пратеник минатата година, 12 месеци откако беше принуден да ја напушти функцијата премиер. Откако формално ја напушти политиката, тој стана голем поддржувач на Украина, а во четвртокот апелираше до американските конгресмени да усвојат нацрт-закон со кој ќе се овозможи американска помош за Киев во износ од 60 милијарди долари. Републиканците лојални на Доналд Трамп ветија дека ќе го отфрлат предлог-законот, кој Џонсон синоќа го нарече „изолационалистичка политика“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан