• петок, 22 ноември 2024

Борисов: Проширувањето на ЕУ е алатка за постигнување мир и стабилност

Борисов: Проширувањето на ЕУ е алатка за постигнување мир и стабилност
Брисел, 5 февруари 2020 (МИА) - Политиката на проширување на Европската унија е главен инструмент за постигнување мир, стабилност и безбедност во Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба во Брисел со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. - Бугарија отсекогаш била конзистентна во својата поддршка за регионот, врз принципот на сопствени заслуги, рече Борисов. Тој истакна дека проширувањето, и за Западен Балкан и за ЕУ, носи непроценливи придобивки, како што се предвидливост и просперитет. - Очекуваме хрватското претседателство со ЕУ да постигне добри резултати за шесте земји од Западен Балкан на претстојниот Самит во Загреб во мај, изјави бугарскиот премиер. Борисов уште истакна дека Бугарија воспоставила добра соработка со хрватското претседателство, спомнувајќи го и тоа дека Бугарија и Северна Македонија се овогодинешни домаќини на Берлинскиот процес. ссм/

Остани поврзан