Борел ја повика Грузија да го повлече законот за странско влијание
- Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја критикуваше Грузија за усвојување на закон за „странско влијание“ насочен кон невладините организации финансирани од странство и за потиснување на масовните протести, повикувајќи го Тбилиси да го смени курсот.
Брисел, 15 мај 2024 (МИА) - Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја критикуваше Грузија за усвојување на закон за „странско влијание“ насочен кон невладините организации финансирани од странство и за потиснување на масовните протести, повикувајќи го Тбилиси да го смени курсот.
-Усвојувањето на овој закон негативно влијае на напредокот на Грузија на патот кон ЕУ... Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот, рече Борел во заедничката изјава со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. мс/
фото: МИА архива