• недела, 22 декември 2024

Борел: Сојузот меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот

Борел: Сојузот меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот

Дубровник, 29 јуни 2024 (МИА) - Западот денес има голема одговорност да спречи поделба меѓу Западот и Истокот, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде дека сојуз меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот.

На меѓународната конференција Дубровник форум 2024, Борел истакна дека денес има криза на мултилатерализмот, па многу држави се свртуваат кон мултиполарност бидејќи им е попрофитабилна, пренесе Хина. Тој додаде дека мултилатерализмот е заменет со трансакициски односи.

- Има повеќе играчи, помалку правила. Исто така, има многу повеќе немири, оцени Борел.

Тој ги објасни и двете главни причини за огорченоста на Глобалниот Југ кон развиениот Запад. Првиот е вакцинацијата за време на пандемијата со ковид-19, кога земјите од Западот први ја добија вакцината. Вториот проблем е што послабо развиените земји ќе страдаат многу повеќе поради климатските промени, кои ги предизвикуваат индустриски најразвиените земји во светот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан