Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања
- Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва.
Брисел, 24 март 2023 (МИА) - Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва.
Борел посочи дека Кина, иако има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија.
- Се чини дека ова неограничено пријателство има граници, рече Борел, нагласувајќи дека Кина „не ја преминала црвената линија“. ссм/