• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ со новиот анти-ЛГБТ+ закон

Борел: Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ со новиот анти-ЛГБТ+ закон

Брисел, 18 септември 2024 (МИА) - Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел ја повика Грузија да го укине новиот закон што ги ограничува правата на ЛГБТ+ заедницата, истакнувајќи дека тој „ја оддалечува земјата од ЕУ“.

„Овој закон ќе ги поткопа основните права и ќе ја зголеми дискриминацијата и стигматизацијата“, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“.

Законот вчера беше усвоен од Парламентот на Грузија, но наиде на осуда од страна на Европската Унија и организациите за човекови права. Противниците тврдат дека законот ги нарушува правата на ЛГБТ+ заедницата и ја отежнува евроинтеграцијата на Грузија.

Новиот закон, сличен на оној што е во сила во Русија, беше одобрен од пратениците од владејачката партија Грузиски сон на гласањето бојкотирано од опозицијата и во услови на конзервативна и антизападна влада. ссм/

фото: архива

Остани поврзан