• понеделник, 25 ноември 2024

Борел ги повика шефовите на израелската и палестинската дипломатија на средба во Оман

Борел ги повика шефовите на израелската и палестинската дипломатија на средба во Оман

Брисел, 10 октомври 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го покани шефот на израелската дипломатија, Ели Коен, да присуствува на денешниот итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со Советот за соработка на арапските земји од Персискиот Залив во Оман, што ќе биде посветен на случувањата во Израел и во регионот на Блискиот Исток. 

„Го поканив израелскиот министер за надворешни работи да се приклучи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Го повикав и министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал-Малки да се обрати до собирот и да ги изнесе ставовите на палестинските власти“ напиша Борел на платформата Х.

Борел повтори дека остро ги осудил бруталните напади на Хамас врз Израел и изрази длабоко жалење за загубата на животи. 

„Министерскиот состанок почнува во Мускат. Имаме состанок со историјата: мораме да ги здружиме силите за да ја смириме ситуацијата во Израел/Палестина и да работиме на долгорочни решенија. Мораме да го зајакнеме нашето стратешко партнерство, за просперитет и стабилност на двата региона “, напиша шефот на европската дипломатија Жосеп Борел на платформата Х. сд/

Остани поврзан