• петок, 22 ноември 2024

Бордо не се договори со инвестициски фонд од САД за продажба на клубот

Бордо не се договори со инвестициски фонд од САД за продажба на клубот

Бордо, 18 јули 2024 (МИА) – Раководството на францускиот фудбалски клуб Бордо објави дека пропаднале преговорите со американскиот инвестициски фонд „Fenway Sports Group“ во врска со продажбата на сопственичките акции.

Оваа одлука особено се објаснува со значителната цена на стадионот во наредните години, како и со општиот економски контекст на францускиот фудбал. 

- Бордо и Жерар Лопез им се заблагодаруваат на „Fenway Sports Group“ за нивниот интерес за клубот и за патувањето за да се сретнат со заинтересираните страни, се вели во соопштението за медиумите.

Клубот, исто така, истакна дека сопственикот Џерард Лопез сега прави максимални напори да го финализира планот за финансирање за сезоната 2024/25, со цел да се промени одлуката на Националниот директор за контрола на управувањето (DNCG), со која клубот беше исфрлен во третата лига поради финансиски проблеми. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан