• среда, 27 ноември 2024

Боно снима документарец за Босна

Боно снима документарец за Босна

Даблин, 8 ноември 2022 (МИА)Пејачот Боно снима документарен филм под наслов „Бакни ја иднината“ (Kiss the Future) за концертот што групата „Ју-ту“ го одржа во Сараево, БиХ, 1997 година. Музичарот ја добил оваа идеја по посетата на Киев. Продуценти на филмот се Бен Афлек и Мет Дејмон.

- Групата „Ју-ту“ отсекогаш покажувала солидарност со луѓето кои се угнетувани. Кога Еџ и јас патувавме за Киев, не размислував за Сараево. Сепак, набрзо се појавија сите спомени. Документарецот ќе ги поврзе нападите на Сараево со оние на Киев... Режисер е Ненад Цицин-Саин. Филмот, исто така, зборува за улогата на уметноста во давањето надеж на луѓето кои треба да живеат во војна, изјави Боно за „Индивајер“ (IndieWire). Пораката на филмот е: Жителите на Украина допрва ќе преживеат сѐ што преживеало Сараево. - Војната не е завршена. Инспиративно е да се види дека има 60 милиони луѓе во украинската армија, речиси целото население е дел од неа. Сите се свесни колку е вредна слободата и оти мора да ја одбранат, додаде тој.

Врската меѓу поп-рок составот и Сараево постои од 1993 година, и турнејата „ZooTV“, каде што Ирците се обидоа да го свртат светското внимание на војната во БиХ. Американскиот новинар и хуманитарен работник Бил Картер вршеше пренос од концертот во Верона, Италија, од јули таа година. Поради војната, групата „Ју-ту“ не можеше да дојде во Сараево, но заветот го исполнија четири години подоцна. Го свиреа вообичаениот репертоар, но и песната „Мис Сараево“, напишана за натпреварот за најубава девојка што се одржа во Сараево, и тоа во војната.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан