• вторник, 02 јули 2024

Бол: Чикаго е меѓу најдобрите тимови во НБА

Бол: Чикаго е меѓу најдобрите тимови во НБА
Лос Анџелес, 16 ноември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, го пофали нивото на тимот по големата победа против Лејкерс (121:103) во Лос Анџелес. - Чикаго е меѓу најдобрите тимови во НБА. Сè уште треба да се развиваме и да напредуваме, ни претстои долг пат, но мислам дека се движиме во вистинската насока, изјави Бол. Тој на натпреварот со Лејкерс одигран рано утрово, постигна 27 поени, седум скока, осум асистенции и две украдени топки. Чикаго булс по 14 натпревари има десет победи и се наоѓа на второто место во Источната конференција од НБА-лигата. зс/

Тагови

Остани поврзан