• понеделник, 23 декември 2024

Болдвин пукал од непроверено оружје

Болдвин пукал од непроверено оружје
Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) - Серж Светној, главен и одговорен за електриката и човекот што ја држел Халина Хачинс додека таа починала погодена од филмски пиштол, ја обвинува одговорната за оружјето на снимањето на филмот. Во пораката на својот интернет-простор, Светној рече дека Хана Гутјерез Рид, која тој не ја спомна по име, „не го проверила оружјето“, нешто што таа личност морала да го направи. - Тој што требаше да го провери ова оружје пред да го донесе на снимањето, не го направи тоа. Нема шанси 24-годишна жена да биде професионалка со оружје. Нема шанси и нејзина горе-долу врсничка од училиште, соседството, од Инстаграм или Бог знае кое друго место, да биде професионалец во оваа област!, вели тој. Филмскиот пиштол на Алек Болдвин несакајќи истрела смртоносен куршум, од кој Хачинс почина, а уште едно лице беше повредено.  си/

Остани поврзан